Легендата на германскиот фудбал Лотар Матеус смета дека голманот на Баерн Минхен, Мануел Нојер, треба да ја изгуби позицијата на прв голман во националниот тим.
„Во моментов Нојер не поседува форма и не зрачи со сигурност на голот. Тој не е во формата во која освои награди за најдобар голман во светот четири последователни години. Негов наследник треба да биде голманот на Барселона Марк-Андре Тер Штеген, кој игра на светско ниво веќе неколку години. Тој треба да биде ставен како стартер, веднаш“, препорача Матеус.
