Селекторот на германската репрезентација Јоаким Лев ризикува да ја напушти селекторската позиција многу скоро, објавија денеска германските медиуми. Германскиот фудбалски сојуз не е задоволен од резултатите, но нема план како да го разреши Лев, дури и ако тој биде поразен од селекцијата на Франција во следната рунда од натпреварите во УЕФА Лигата на нации. Средбата ќе се одигра утре, а во Германската фудбалска унија велат дека засега немаат решение за евентуалното заминување на Лев од кормилото.
Последните прогнози велат дека Германија ќе мора да го задржи селекторот до март, кога најверојатно ќе следува промената на селекторската позиција.