И покрај поразот на гостувањето кај Киелце, ракометарите на Вардар се најдоа во изборот на ЕХФ меѓу најдобрите голови и одбрани во колото. Во традиционалниот избор по секое завршено коло во групната фаза на ЛШ, ЕХФ тв го избраТимур Дибиров, со еден од своите погодоци на дуелот во Полска во петте најубави во ова коло, додека голманот на Вардар, Дејан Милосављев, на овој меч забележа девет одбрани (1 седмерец), а една од тие интервенции се најде и во Топ 5 одбрани на колото.
НАЈДОБРИТЕ ПЕТ ГОЛОВИ НА КОЛОТО (ВИДЕО)
НАЈДОБРИТЕ ПЕТ ОДБРАНИ НА КОЛОТО (ВИДЕО)