Тренерот на Манчестер Јунајтед, Жозе Мурињо, составил листа на играчи кои би требало да го засилат тимот во зимскиот преоден рок.
Информациите од Англија велат дека на тој список на желби на Португалецот се наоѓаат четири имиња: дефанзивецот Никола Миленковиќ (Фиорентина), играчите од средниот ред Иван Перишиќ (Интер) и Сергеј Милинкович-Савиќ (Лацио), како и напаѓачот Анте Ребиќ (Ајнтрахт). Проблемот за Мурињо најверојатно ќе биде неподготвеноста на раководството на Манчестер Јунајтед да потроши толку многу пари за засилувања во зимскиот преоден рок.
Претходно беше објавено дека за трансферот на Миленковиќ, Мурињо е подготвен да и плати и 60 милиони евра на Фиорентина.