По одличниот старт и трите победи во првите три кола, сениорската фудбалска репрезентација на Македонија денеска во Ереван оди по потврда на пласманот во плеј-офот. Момците на Игор Ангеловски и гостуваат на Ерменија, против која во Скопје минатиот месец славевме со 2:0.
За разлика од натпреварот со Лихтенштајн, Игор Ангеловски сега на располагање ќе ги има сите фудбалери, па се очекува добар дел од оние кои поради стомачните проблеми останаа на клупата за резерви, денеска да бидат во стартните 11.
Три бода од Ереван практично ќе значат и освојување на првата позиција на табелата која не носи во полуфиналето во битката за пласман на Европско првенство.
Натпреварот меѓу Ерменија и Македонија се игра со почеток од 18 часот.