Селекторот на Шпанија, Луис Енрике, изјави дека на полувремето на синоќешниот меч со Англија му доаѓало да ги убие своите репрезентативци.
Одбраната на Шпанија беше трагична и освен што противникот постигна 3 гола за првите 45 минути, речиси секој англиски напад носеше опасност за гол.
„Ла Фурија“ се врати во сосема поинакво светло во вториот дел и постигна два гола за да го ублажи поразот.
„До паузата бевме очајни. Првиот гол ни помогна. Направивме многу индивидуални грешки, а ривалот играше силно. За време на паузата сакав да ги убијам моите фудбалери“, изјавил Енрике.