Македонскиот претставник во ЕХФ Купот, Еурофарм Работник денес го доби противникот во последната квалификациона фаза.
Се работи за екипата на Берн од Швајцарија, која ќе гостува во Битола на 17/18 ноември. Реваншот се игра една недела подоцна. Сите 16 победници ќе обезбедат пласман во групната фаза, која ќе започне на 9 февруари 2019 година. Бранител на титулата од минатата година германската еипа Фуксе Берлин.