Барселона оваа зима може да тргне во „лов“ на фудбалерот на Тотенхем, Ерик Даер. Како што објавија дел од медиумите, каталонците се решени да донесат нови имиња во екипата оваа зима, а Даер е едно од оние во нотесот на Валверде.
Каталонците ќе испратат барање до Тотенхем да ја утврди цената на фудбалерот во следните денови, а во јануари најверојатно ќе стигне и првата понуда.
24-годишниот фудбалер игра за Тотенхем од 2014 година, откако претходно беше дел и од екипата на Спортинг Лисабон .