Актуелниот европски клупски фудбалски шампион, Реал Мадрид, ги поминува можеби најтешките моменти во последниве 20 години кога станува збор за Примера Дивизион и Лигата на шампионите. Тренерот на „кралевите“, Хулен Лопетеги, изјави дека не е сигурен дали ќе остане во најтрофејниот тим кога станува збор за Лигата на шампионите.
„Не можам да ви кажам дека ќе бидам тука за Ел Класико, но, можам да ви кажам дека сум сега тука. Во клубот научив да се борам. Тоа е во ДНК-та на Реал Мадрид а јас тоа го имам во крвта“, рече Лопотеги.
Фудбалерите на Реал Мадрид утре во вечерниот термин од 21.00 часот ќе го пречекаат составот на Викторија Плзен во рамките на 3 коло во фудбалската елита на стариот континент.Шпанците досега имаат една победа и еден пораз додека гостите од Чешка имаат едно реми и еден пораз.