Фудбалерот од средниот ред на екипата на Барселона, Малколм е интересен за англиски Тотенхем. Лондончани кои не купија ниту еден нов фудбалер ова лето, во јануари ќе го одврзат ќесето.
Според информациите кои кружат, англискиот клуб е подготвен да понуди 50 милиони евра за 21-годишниот бразилски играч во зимскиот трансфер прозорец.
Инаку Малком се пресели во Барселона ова лето од Бордо и засега не е задоволен од минутажата која ја има во новиот клуб.