Екипата на БАТЕ Борисов по вчерашната победа од 1:0 над екипата на Неман Гродњо успеа да ја освои новата титула во фудбалското првенство на Белорусија. Со веќе освоени 69 бода, БАТЕ Борисов веќе има недостижна предност пред конкурентите, од кој најблизу до нив на три кол апред крајот на првенството е екипата на Шахтјор Солигорск. Ова е вкупно 15-та шампионска титула за тимот, а дури 13-та последователна.
Author: saso
Засилен, одморен и расположен за игра, Металург успеа да допјде до првата овосезонска победа во Лигата на шампионите. Предводен од одличниот на голот, Никола Даниловски, одморените млади ракометари и свежината која ја внесе триото Шпенде, Пучник и Риберио, Данило Брестовац успее да направи победнички тим и да ги совлада Чеховски Медведи. Откако во текот на целиот меч водеа, на крајот малку паднаа во играта и дозволија противникот да им се доближи само на еден гол. Сепак, присебноста во одбраната ги донесе до првата победа со 25-24 (16-10). Најдобар стрелец кај Металург беше Димитриоски со пет гола, а Токиќ, Шпенде и Серафимов…
Рускиот тенисер Карен Хачанов е победник на Мастерс турнирот во Париз, откако во финалниот меч се надмина себеси и успеа да го совлада големиот фаворит, Србинот Новак Ѓоковиќ. За Хачанов ова е прва Мастерс титула во кариерата. 22-годишниот Русин во финалето денеска славеше вод ва сета со 7:5 и 6:4 за еден час и 38. минути игра. Ѓоковиќ имаше доста грешки и беше далеку од формата која ја покажа на досегашните средби. Русинот тоа го искористи и супеа да дојде до големиот трофеј.
Од ФИФА денеска одговорија официјално на вчера објавените информации на германски “Шпигел”, кои се повикуваат на документи од “Football Leaks” дека актуелниот претседател Џани Инфантино им помогнал на ПСЖ и Манчестер Сити да го заобиколат финансискиот ферплеј, кога тој бил генерален секретар на УЕФА. “Пред четири недели група новинари испрати стотици прашања кон ФИФА засновани на лични и внатрешни пораки и други информации стекнати (нелегално) од трети земји. И покрај фактот дека одговоривме на прашањата поставени кон нас, јасно и искрено, одредени медиуми одлучија да ги игнорираат повеќето наши одговори и да ги искриват ккако фактите, така и вистината во…
Ракометарите на Вардар попладнево (17.30 ч) ќе го одиграат новиот меч од групната фаза во Лигата на шампионите. Во Скопје гостува екипата на Мешков Брест, против која пред само неколку дена, Вардар со вториот тим загуби на гостувањето во Белорусија. Денеска, Роберто Гарсија Парондо и неговите избраници имаат шанса да им се вратат на победите и тоа во елитното натпреварување, во кое водат битка за првото место на табелата во групата „А“ заедно со Барселона и Киелце. Мешков Брест, е тим кој ни е добро познат, а во последните две-три години редовно го напушта Скопје поразен. Единствен проблем за Парондо…
Ракометарите на Металург, одморени и засилени со три нови имиња, ќе го дочекаат тимот на Чеховски Медведи в недела во меч од новото коло на Лигата на шампионите. На прес-конференцијата денеска, тренерот Данило Брестовац задоволен од паузата и новите имиња во тимот, очекува добар резултат на неделниот меч. „Реков јас дека со нетрпение ја чекам паузата во ЕХФ неделата за да се одмориме. Тоа ни дојде многу добро и сега очекувам подготвени да одиграме добар меч. Тренираме напорно, Чеховски Медведи се квалитетен противник, екипа физички посилна од нас. Се обидуваме преку анализи да ги најдеме нивните слаби страни и да…
Македонскиот фудбалски репрезентативец, Елиф Елмас, доби нов тренер во екипата на Фенербахче. По лошиот старт на сезоната Филип Коку мораше да си замине, а на негово место е ангажиран неговиот помошник, Ервин Куман. Куман ќе биде на кормилото на Фенер до крајот на сезоната, секако со опција соработката да биде продолжена. 57-годишниот брат на многу попознатиот Роналд Куман, во својата кариера ги предводеше и тимовите на РКЦ Валвијк, Феенорд, Утрехт, ПСВ Ајндховен, а беше и селектор на Унгарија.
Привремениот тренер на Реал (М), Сантијаго Солари има 3 натпревари за да обезбеди постојан договор со Реал Мадрид, барем до крајот на сезоната, објавија шпанските медиуми. Во сабота, Реал ќе го пречека тимот на Ваљадолид во првенството, а потоа ќе гостува кај Викторија Плзен во Лигата на шампионите. Овие два, како и мечот со Селта во шампионатот се добитната комбинација за Солари за да остане предводник на „кралевите“ до крајот на сезоната. Менаџментот одлучи да му даде шанса на в.д. транерот и да почека да види како ќе се одвиваат работите во екипата.
Јужнокорејскиот фудбалски репрезентативец Јанг Хјун Со се соочи со суспензија, откако се обидел да избегне да служи во армијата на земјата. Фудбалерот е суспендиран од националниот тим во обид да фалсификува документи за служба во армијата, а исто така добил и парична казна. Според законите на Јужна Кореја, секој човек на возраст од 18 до 35 години е должен да служи во армијата на 21 или 24 месеци. За фудбалерите се направени неколку исклучоци, но и тие скоро да не можат да бидат изземени од обврската, освен ако се носители на олимписко злато.
Манчестер Сити повторно трепери за состојбата со еден до своите најдобри фудбалери, Кевин де Бруине. Тој синоќа предвреме го заврши дуелот со Фулам во Лига Купот на Англија и засега не се знае за колку сериозна повреда станува збор. Во 86-тата минута Белгиецот доби удар во коленото и денеска ќе треба да оди на нови прегледи. Како што е познато, Де Бруине неодамна се врати на терен откако не играше околу два месеци поради повредата на десното колено. Сега проблемот е со левото колено.
