Манчестер Сити повторно трепери за состојбата со еден до своите најдобри фудбалери, Кевин де Бруине. Тој синоќа предвреме го заврши дуелот со Фулам во Лига Купот на Англија и засега не се знае за колку сериозна повреда станува збор.
Во 86-тата минута Белгиецот доби удар во коленото и денеска ќе треба да оди на нови прегледи. Како што е познато, Де Бруине неодамна се врати на терен откако не играше околу два месеци поради повредата на десното колено. Сега проблемот е со левото колено.