Македонскиот фудбалски репрезентативец, Елиф Елмас, доби нов тренер во екипата на Фенербахче. По лошиот старт на сезоната Филип Коку мораше да си замине, а на негово место е ангажиран неговиот помошник, Ервин Куман.
Куман ќе биде на кормилото на Фенер до крајот на сезоната, секако со опција соработката да биде продолжена. 57-годишниот брат на многу попознатиот Роналд Куман, во својата кариера ги предводеше и тимовите на РКЦ Валвијк, Феенорд, Утрехт, ПСВ Ајндховен, а беше и селектор на Унгарија.