Екипата на БАТЕ Борисов по вчерашната победа од 1:0 над екипата на Неман Гродњо успеа да ја освои новата титула во фудбалското првенство на Белорусија. Со веќе освоени 69 бода, БАТЕ Борисов веќе има недостижна предност пред конкурентите, од кој најблизу до нив на три кол апред крајот на првенството е екипата на Шахтјор Солигорск.
Ова е вкупно 15-та шампионска титула за тимот, а дури 13-та последователна.

