Реал Мадрид синоќа и официјално потврди дека го разрешува од функцијата досегашниот тренер на тимот, Хулиен Лопетеги. Слабиот почеток на сезоата беше причина раководството да се одлучи на ваков чекор.
Неговото место привремено ќе го преземе Сантијаго Солари. Аргентинецот може да биде тренер на тимот во период од две недели, а во тоа време треба да биде назначен нов постојан тренер.
Лопетеги стана тренер на Реал во текот на летото со скандал откако на ден пред почетокот на Мундијалот 2018, одлучи да ја прифати понудата на „кралскиот клуб“, по што Шпанската федерација го отпушти, а сега истата судбина го следи и на “Бернабеу”.
По отказот кој го доби, се огласи и Лопетеги:
„По одлуката донесена од директорите, сакам да им се заблагодарам на сите во клубот за дадената можност. Им благодарам и на играчите за нивните напори низ работата, како и на секој од соработниците во клубот за трудољубивоста во овој период. И, се разбира, на навивачите за поддршката“.