Теса Ворли е победничка на првата трка од новата сезона во Светскиот куп во алпско скијање. Таа денеска триумфираше на велеслаломската трка во Зелден (Австрија), со која и официјално почна сезоната 2018/19.
Французинката победи со време од 2:00.51 минути, оставајќи ја зад себе Италијанката Федерика Брињоне соз аостанување од 35 стотинки, како и третопласираната Микаела Шифрин (САД), која заостана 94 стотинки зад победничката.
Утре стартуваат мажите со слаломска трка во Зелден.