Барселона ги одложи преговорите за нов договор со Жорди Алба до лето, и покрај желбата за играчот работата да заврши што поскоро.
29-годишниот фудбалер сака да добие нов долгорочен договор со клубот, но Каталонците го одложуваат новиот договор од економски причини.
Тековниот договор на Жорди Алба истекува во јуни 2020 година, со вклучена клаузула за откуп од 150 милиони евра.

