Капитенот на Њукасл, Џамал Ласелс, потпиша нов долгорочен договор кој ќе го задржи во тимот до 2024 година. Дефанзивецот дојде во Њукасл во 2014 година од Нотингем Форест и стана лидер на тимот под раководство на менаџерот Рафа Бенитез.
„Јас сум пресреќен. Ова е речиси сè што некогаш сакав, да играм во Премиер Лигата пред неверојатни навивачи“, изјави 24-годишниот Ласелс.
Дефанзивецот досега има 112 натпревари за Њукасл со осум постигнати гола.