Најголемата ѕвезда во тимот на Барселона, Лионел Меси сака да се врати на терените веќе на утрешниот меч со Интер во Лигата на шампионите. Тој се најде во групата која патува за Милано, но претпоставките беа дека најверојатно ќе остане на клупата.
Сепак, последните вести велат дека Аргентинецот кој ги пропушти последните четири натпревари за тимот е нестрплив да се врати на теренот. Лекарите се уште официјално немаат потврдено дека тој е подготвен за настап, па затоа ќе се чека денешниот тренинг пред Валверде да донесе конечна одлука дали Меси ќе почне од клупа или во првиот тим.