Поранешниот тренер на Реал, Зинедин Зидан има четири понуди за да ја продолжи својата тренерска работа. Како што тврдат француските медиуми, за него сериозно е заинтересирана екипата на Манчестер Јунајтед, но исто така и Баерн, ПСЖ еден од кинеските гиганти.
Пред Зидан има четири отворени понуди, но тој засега не решил дали некоја ќе прифати. Извори блиски до него велат дека тоа и да се случи веројатно ќе се случи на крајот на сезоната, затоа што Зидан сака да учествува во градењето на тимот кој ќе го предводи од самиот почеток.