Пораз на домашен терен претрпеа ракометарите на Вардар на денешната пресметка со Барселона во новото коло од ракометната ЛШ. Гостите славеа со 30:26 во меч во кој Вардар направи безбропј технички грешки кои уште на стартот на гостинот му донесоа пристојна предност од неколку гола разлика.
Иако се обидуваа, ракометарите на Вардар и во второто полувреме не успеваа да ја намалат негативата. Цврстиот гостински тим одржуваше предност до 3-4 гола, која на крајот се покажа и како клучна за победата.
Одличен во гостинскиот тим беше Дика Мем со осум гола, а Мортенсен и Фабрегас дадоа по четири гола, додека кај Вардар, најмногу се истакна Дибиров со шест гола, а го следеа Кристопанс со пет и Чупиќ со четири гола.
Вардар во наредното коло и гостува на Барселона.