“Ќе умреме за Сантијаго”, изјави дефанзивецот на Реал Мадрид, Алваро Одриозола, откако под раководство на привремениот тренер Сантијаго Солари тимот се врати во одлична серија и ја победи и Селта на вчерашното гостување со 4.2.
Денес е последниот официјален ден за работа за Солари барем во однос на функцијата “привремен тренер”. Според правилата на Шпанската Федерација, оваа позиција може да се користи само две недели по назначувањето. Но, добрите резултати на Реал под раководство на младиот стратег го убедија менаџментот да го задржи барем до крајот на сезоната.
И Одриозола вели дека Солари ја има комплетната доверба на фудбалерите.
„Ние земаме дека овие решенија се донесуваат на врвот. Единствената задача за нас фудбалерите е да работиме, работиме и работиме, за да излеземе од оваа ситуација. Фокусирани сме на тоа. Се разбира дека ние сакаме тој да продолжи со нас“, изјавил Одриозола.