Ѕвездата на Јувентус, Кристијано Роналдо не покажа особени симпатии кон својот поранешен тим Манчестер Јунајтед и вели дека синоќешната победа на “црвените ѓаволи” воопшто не била заслужена.
„Лигата на Шампионите е посебна трка, каде можеш да победуваш, но никогаш не смееш да се опуштиш. Ние доминиравме во текот на 90 минути и имавме толку многу шанси. Можевме да ги совладаме многу лесно со три или четири гола разлика, но се опуштивме и бевме казнети поради тоа. Манчестер Јунајтед не направи ништо за да биде победник. Дури не можеме да зборуваме за среќа, бидејќи дури и среќата треба да ја бараш. Во случајот ние им ја подаривме победата“, изјави Роналдо по синоќешниот дурл во Торино.