Поранешниот играч од средниот ред на Манчестер Јунајтед, Пол Сколс, изрази мислење дека оваа сезона Манчестер Сити може да ја помине сезоната во Премиер лигата без пораз.
„Колку повеќе ги гледам натпреварите на Манчестер Сити, толку повеќе разбирам дека засега нема тим кој би можел да ги победи. Го видов нивниот натпревар со „Волфс“ и си реков дека сезоната ќе биде тешка и за нив. Сепак, оттогаш не сум видел некој кој може да им се спротивстави. Не гледам тим што може да ги победи. Најверојатно, Ливерпул ќе им биде најголем конкурент, но Сити се мајстори да ја задржат позицијата на која се“, смета Сколс.