Играчот од средниот ред на ПСЖ, Марко Верати, изјави дека не помислува да го напушти францускиот главен град, иако неговото име е поврзано со тимови како Барселона и Јувентус.
26-годишниот фудбалер во последниве години е еден од најистакнатите играчи од средниот ред и во секој трансфер период се споменува неговото име.
„Не ми е гајле за што зборуваат медиумите или што велат новинарите, јас не мислам на промена на тимот“, изјавил Италијанецот.
„Јас сум во тимот веќе неколку години и никогаш немав никакви проблеми со некој од тренерите, и сакам да продолжам да му помагам на тимот и да се чувствувам среќен во Париз“, додаде тој.