Реал (М) може да биде новиот клуб на напаѓачот на Манчестер Јунајтед Алексис Санчез и тоа уште оваа зима. Сепак, „Црвените Ѓаволи“ засега се немаат изјаснато дали навистина сакаат да се ослободат од него.
Санчез преку своите агенти најави дека сака да си оди од „Олд Трафорд“. Имаше информации дека за него е заинтересирана екипата на ПСЖ, но засега нема сериозни индиции дека парижани би го донеле во јануари.
Реал е во потрага по ново засилување во нападот, па Чилеанецот би закрпил некоја дупка во тимот на Солари. Двата тима се очекува лесно да постигнат договор за цената на Чилеанецот, доколку се решат на ваков потег.