Македонските фудбалски легенди денеска одиграа ревијален меч со ветераните на поранешниот европски и светски шампион Црвена Звезда од Белград на помошниот терен на Работнички, како дел од одбележувањето на 13 ноември, денот на ослободувањето на Скопје. Победата им припадна на гостите од Белград со 1:0, но резултатот е во втор план.
Еден куп луѓе дојдоа да го погледнат мечот и да се потсетат на дел од ведетите на поранешниот југословенски фудбал. Во преден план беа легендарниот Драган Џаиќ, потоа Владимир Петровиќ – Пижон, Јован Аќимовиќ, но и Дарко Панчев, Илија Најдоски, Тони Мицевски.