Author: saso

Манчестер Јунајтед ќе се обиде да го купи напаѓачот на Вест Хем, Марко Арнаутовиќ за сума од 50 милиони фунти овој јануари. „Црвените ѓаволи“ и понатаму се чувствуваат слаби и неефикасни во нападот и според англиските медиуми, Мурињо веќе го одредил Австриецот како приоритет во зимскиот трансфер прозорец. 29-годишниот напаѓач има 5 гола за “чеканите” од почетокот на сезоната, но со игрите го привлече интересот на големите клубови. Мурињо и Арнаутовиќ веќе имаат работено заедно во Интер во сезоната 2009/2010.

Read More

Ракометарите на Вардар успеаја да освојат барем еден бод на гостувањето во Белорусија кај екипата на Мешков Брест во новото коло од Лигата на шампионите, а еден од најдобрите играчи Даинис Кристопанс успеа да се најде во „Тимот на колото“ во изборот на ЕХФ. Летонскиот „џин” одигра одличен меч, постигна осум гола што беше доволна препорака да биде дел од дрим-тимот за деветто коло од Лигата на шампионите. Во „идеалните 7“ за ова коло во ЛШ се најдоа и: Лево крило: Стефан Сигурмансон (Пик Сегед) Лев бек: Жилберто Брито Дуарте (Барселона) Среден бек: Аидерас Маласинскас (Мотор) Десен бек: Даинис Кристопанс…

Read More

Спортскиот директор на Милан, Леонардо, веќе е во интензивни преговори со дури тројца фудбалери на Челзи кои сака да ги донесе во дресот на „росонерите“ следното лето. Според медиумите, италијанскиот тим е сериозно заинтересиран за Цеск Фабрегас, Гери Кејхил и Андреас Кристенсен. За таа цел, Леонардо веќе имал и телефонски разговори со преставниците на Челзи. Првичната идеја на „росонерите“ е да го добијат ова трио уште во јануари на позајмица, а во јуни да се обидат да ги откупат нивните договори. Милан има големи проблеми поради повредите на дел од стартерите и мора да бара нови солуции по Нова година.

Read More

Манчестер Сити може да остане без едно од своите талентирани млади имиња, а според многумина и еден од најголемите таленти во последните 10 години во екипата на „граѓаните“, Брахим Диаз, кој се подготвува за трансфер во Реал Мадрид. Младиот 19-годишен талент има договор со “граѓаните” до лето, но не планира да потпише нов, откако добил понуда која не се одбова од „кралскиот клуб“ од Мадрид. Според медиумите во Шпанија, Диаз веќе се договорил за личните услови со Реал и од лето ќе го облече белиот дрес.

Read More

Норвешкиот скијач, Кјетил Јансруд е победник на супервелеслаломот во канадскиот зимски скијачки центар, Лејк Луис. Јансруд зад себе го остави младиот Австриец, Маркус Крихмаер, а третото место му припадна Мауро Кавицел од Швајцарија. Интересно е што од 2010 година, па наваму, практично секоја година на истата оваа патека победува скијач од Норвешка. Скоро да се менуваат Јансруд и Свиндал, кои се непобедливи на оваа патека. Следниот викенд скијачите одат во Бивер Крик каде ќе возат три трки. В петок е на програмата нова Супер-Џи трка, в сабота спуст, а во недела велеслалом.

Read More

Американската скијачка, Микаела Шифрин победи на вториот слалом од Светскиот Куп, кој синоќа се возеше на патеката во Килингтон во САД. 23-годишната Шифрин имаше одлична трка и успеа да ја освои својата 45 победа во кариерата. Второто место и припадна на Петра Влхова од Словачка, додека свое место на подиумот обезбеди и Швеѓанката Фрида Хансдотер. Со двете победи во Леви и Килингтон, Шифрин се издвои на врвот и во генералниот пласман и во пласманот на скијачките во техничката дисциплина.

Read More

Тимот на Лацио ја одбил понудата од Милан за трансфер на српската ѕвезда Сергеј Милинковиќ-Савиќ. Тоа се случило во последните денови од летниот преоден рок, во кој “росонерите” се засилија со Гонзало Игуаин и уште неколку фудбалери. Претседателот на Лацио, Калудио Лотито, одбил да се откаже од Милинковиќ-Савиќ за 30 милиони евра, колку што понудиле „росонерите“. За истата сума раководството на Милан го ангажираше Гонзало Игуаин од Јувентус. Сега Милинковиќ-Савиќ е се посилно поврзуван со трансфер во градскиот ривал Интер, кој по доаѓањето на Бепе Марота ќе се обиде да го засили значително составот во летниот трансфер прозорец.

Read More

Интер има намера да учествува во борбата за потписот на играчот од средниот ред на Манчестер Јунајтед, Пол Погба, тврди Тутоспорт. Идејата за доведување на Погба на „Џузепе Меаца“ е на Бепе Марота, кој ја напушти функцијата генерален менаџер на Јувентус и наскоро ќе почне да работи во вечниот непријател – Интер. Весникот додава дека Манчестер Јунајтед е заинтересиран за два играчи на Интер, па Марота би можел да издејствува добра зделка. Од поодамна е познато дека Мурињо сака во својот тим да го доведе Иван Перишиќ, а од пред извесно време на радарот му е и дефанзивецот Милан Шкрињар.

Read More

Ракометарите на Металург попладнево во Скопје го играат последниот натпревар пред својата публика во најсилното европско клупско друштво сезонава. „Металурзите“ го пречекуваат тимот на Силкеборг на дуел кој почнува во 17:30 часот. Данскиот првак заедно со Спортинг и Татран Прешов се во „мртва” трка за место во „плеј-офот” од Лигата на шампионите, па поради тоа победа во Скопје е особено важна за него. Металург, пак, нема што да загуби. Момците на Данило Брестовац одамна останаа без шанси за опстанок во Европа, а фактот дека на овој натпревар играат растоварено ги прави дополнително опасни.

Read More

Работнички го доби големото соседско дерби со Вардар. Со голот на Оливер Пеев во 54. минута, „романтичарите“ ги освоија бодовите на гостувањето во „Маџари“ на дерби дуелот до 15. коло во ПМФЛ. Шкендија немаше никакви проблеми на мечот со Силекс и оствари убедлива победа од 5:0. Нафиу и Емини отворија во првото полувреме, а во листата на стрелци во второто полувреме се запишаа повторно Емини, па Шефити и Фазли. Беласица оствари значајна победа на домашен терен против екипата на Ренова. Домашните брзо отворија со голот на Филип Ивановски, по што следуваше погодок на Мишковски за гостите за израмнување. Во вториот…

Read More