Тимот на Лацио ја одбил понудата од Милан за трансфер на српската ѕвезда Сергеј Милинковиќ-Савиќ. Тоа се случило во последните денови од летниот преоден рок, во кој “росонерите” се засилија со Гонзало Игуаин и уште неколку фудбалери.
Претседателот на Лацио, Калудио Лотито, одбил да се откаже од Милинковиќ-Савиќ за 30 милиони евра, колку што понудиле „росонерите“.
За истата сума раководството на Милан го ангажираше Гонзало Игуаин од Јувентус. Сега Милинковиќ-Савиќ е се посилно поврзуван со трансфер во градскиот ривал Интер, кој по доаѓањето на Бепе Марота ќе се обиде да го засили значително составот во летниот трансфер прозорец.