Спортскиот директор на Милан, Леонардо, веќе е во интензивни преговори со дури тројца фудбалери на Челзи кои сака да ги донесе во дресот на „росонерите“ следното лето. Според медиумите, италијанскиот тим е сериозно заинтересиран за Цеск Фабрегас, Гери Кејхил и Андреас Кристенсен. За таа цел, Леонардо веќе имал и телефонски разговори со преставниците на Челзи.
Првичната идеја на „росонерите“ е да го добијат ова трио уште во јануари на позајмица, а во јуни да се обидат да ги откупат нивните договори. Милан има големи проблеми поради повредите на дел од стартерите и мора да бара нови солуции по Нова година.