Американската скијачка, Микаела Шифрин победи на вториот слалом од Светскиот Куп, кој синоќа се возеше на патеката во Килингтон во САД.
23-годишната Шифрин имаше одлична трка и успеа да ја освои својата 45 победа во кариерата.
Второто место и припадна на Петра Влхова од Словачка, додека свое место на подиумот обезбеди и Швеѓанката Фрида Хансдотер.
Со двете победи во Леви и Килингтон, Шифрин се издвои на врвот и во генералниот пласман и во пласманот на скијачките во техничката дисциплина.

