Манчестер Сити може да остане без едно од своите талентирани млади имиња, а според многумина и еден од најголемите таленти во последните 10 години во екипата на „граѓаните“, Брахим Диаз, кој се подготвува за трансфер во Реал Мадрид. Младиот 19-годишен талент има договор со “граѓаните” до лето, но не планира да потпише нов, откако добил понуда која не се одбова од „кралскиот клуб“ од Мадрид.
Според медиумите во Шпанија, Диаз веќе се договорил за личните услови со Реал и од лето ќе го облече белиот дрес.