Македонската фудбалска репрезентација вечерва со почеток од 20:45 часот го пречекува Гибралтар во последниот натпревар од групната фаза во Лигата на нации. По четирите победи на досегашните пет настапи, избраниците на Игор Ангеловски денеска треба само да го потврдат пласманот на првото место и пласман во полуфиналето од плеј-офот.
На Македонија и е доволен и бод против Гибралтар за првото место и пласман во полуфиналето. Нашата селекција денеска останува без Горан Пандев кој нема да настапи поради жолти картони, но во составот се враќаат Алиоски и Елмас, кои не настапија поради истата причина на дуелот со Лихтенштајн.
Главен судија на вечерашниот меч ќе биде Казахстанецот Сахи.