Поранешниот тренер на репрезентацијата на Аргентина , Хорхе Сампаоли, може да ја преземе репрезентацијата на Кина. Според аргентинските весници, претставниците на Фудбалската федерација на Кина веќе почнаа преговори со стратегот кој остана без работа откако беше отпуштен од националниот тим на Аргентина минатото лето.
На чело на кинескиот тим, Сампаоли треба да го замени Марчело Липи, кој заработуваше повеќе од 15 милиони евра годишно. Најавите велат дека и на Сампаоли ќе му понуди иста плата.