Кошаркарите на МЗТ Скопје дојдоа и до шестата сезонска победа во осмиот настап од новата сезона во АБА 2 лигата. „Металците“ брзо се рехабилитираа по поразот од Работнички во домашниот шампионат.
Победничката серија во АБА 2 лигата ја продолжија со триумф против екипата на Динамик од Белград со 84:74.
Најефикасен кај МЗТ Скопје во победата беше Иванов со 24 поени, а до него веднаш беше и Бојиќ со 22 поени. Кај гостите, Чакаревиќ постигна 18 поени.

