Рускиот фудбалски сојуз ќе ја поддржи номинацијата на претседателот на ФИФА, Џани Инфантино, за нов мандат на чело на светската федерација.
Оваа одлука беше донесена на вчерашниот состанок на Извршниот комитет на руската федерација.
Инфантино веќе објави дека ќе се кандидира за нов мандат на изборите на ФИФА, кои ќе се одржат на 5 јуни следната година во Париз. Крајниот рок за поднесување на пријавите е 5 февруари 2019 година.
Џани Инфантино ја предводи ФИФА од февруари 2016 година по скандалот со корупција, поради што Сеп Блатер го напушти претседателството.