Манчестер Јунајтед започна преговори со дефанзивецот Крис Смолинг за нов договор. Двете страни сега преговараат за висината на платата од новиот договор, која сигурно ќе биде повисока од онаа која во овие моменти ја добива дефанзиваецот.
Според некои извори од Англија, 29-годишниот фудбалер е подготвен да остане во тимот, но бара зголемување на платата од 80.000 фунти на 120.000 фунти неделно. Тоа е поприлично зголемување на платата за која Јунајтед се уште не постигнал согласност.
Претходно медиумите објавија дека Смолибг на крајот на тековната сезона може да го промени тимот, а до неговиот агент стигнале и први понуди од Евертон и Вест Хем.