Author: saso

Францускиот тенисер Жо-Вилфред Цонга ќе учествува на првиот Грен слем турнир во новата сезона, Австалија Опен, со специјална покана. Французинот добил „Вајлд Карта“ од организаторите на отвореното првенство на Австралија. Цонга ја добил поканата преку програма за размена меѓу францускaтa и австралискaтa тенискa федерациja. Цонга, кој е финалист на Австралија опен од 2008-та, ќе го започне својот настап на турнирот во првиот круг од главната ждрепка. Французинот, откако се врати од повредата, 2018-тата ја заврши на 258. место на АТП листата. Со „Вајлд Карта“ на АО ќе патува и француската тенисерка Клара Бурле, која е 619-та на ВТА листата.

Read More

Меѓународната автомобилска федерација (ФИА) го одобри сезонскиот календар за Формула 1 за 2019 година. Првата Гран-при трка, традиционално ќе се одржи во Австралија. Трката во Мелбурн ќе биде на 17 март, а финалната трка од шампионатот и следната година ќе се вози во Абу Даби на патеката Јас Марина на 1 декември. 17 март – ГН Австралија 31 март – ГН Бахреин 14 април – ГН Кина 28 април – ГН Азербејџан 12 мај – ГН Шпанија 26 мај – ГН Монако 9 јуни – ГН Канада 23-ти јуни – ГН Франција 30 јуни – ГН Австрија 14 јули –…

Read More

Италијанскиот Суперкуп натпревар меѓу Јувентус и Милан ќе се одигра во Саудиска Арабија. Двете екипи ќе се соочат на 16 јануари на стадионот во Џеда. Решението за избор на оваа држава како домаќин на мечот се најавуваше од порано, пред се поради финансиската страна, но се очекуваше потврда. Пред неколку недели, Амнести Интернешнл ги повика италијанските клубови да одбијат да играат во Саудиска Арабија поради тензиите околу убиството на новинарот Џамал ​​Хашоги. Сепак, парите го решија проблемот. Според информациите во италијанските медиуми, двата клуба ќе добијат по 3 милиони евра, за настапот во Џеда.

Read More

Со победата над Барнли на синмоќешното гостување од 15. коло во Премиер лигата, екипата на Ливерпул постави клупски рекорд. Имено, тимот на Јирген Клоп успеа да собори 126-годишен рекорд со неверојатниот старт од 12 победи и три нерешени средби по првите 15 кола во лигата. Ова е практично најдобриот старт на „црвените“ во историјата на клубот, кој е формиран 1892 година. Но, и покрај неверојатниот старт, момците на Клоп се се уште втори со два бода негатива во однос на лидерот Сити. На следниот меч викендов, Ливерпул ќе биде повторно гостин. Овој пат заминува за Бурнмаут.

Read More

Трикратниот светски шампион со бразилската репрезентација, легендарниот Пеле го изрази своето мислење за разликата во квалитетот на сегашната и поранешната аргентинска фудбалска ѕвезда. Споредбите на Меси и Марадона и натаму се вртат низ медиумите, а Пеле го искажа својот став и по ова прашање. „Диего Армандо Марадона беше многу подобар од Лионел Меси. Ова е прашање на вкус кога ќе споредите некого. Некој добро погодува со десната нога, некој со левата, а некој со двете нозе. За мене Марадона беше подобар“, вели кралот на фудбалот.

Read More

Металург синоќа го одигра еден од своите најдобри натпревари во тековната сезона, но не успеа да ја оствари првата победа над екипата на Вардар. Иако во голем дел од мечот беа во предност, „металурзите“ на крајот не го издржаа притисокот и минимално загубија од бранителот на титулата во СЕХА Газпром лигата. „Му честитам на Вардар за победата. Можеби одигравме добро во континуитет, но имавме некои непотребни техничко-тактички грешки. Не знам, можеби сме млади се уште, па тешко се одржува дисциплината. Ми пречеше и последниот напад, вчера дури и го вежбавме на тренинг, како да знаевме дека ќе се случи, но…

Read More

Со тешки маки, ракометарите на Вардар дојдоа до осмата победа во тековната сезона од СЕХА Газпром лигата. На македонското дерби во СЦ „Борис ТРајковски“ во драматичен финиш, избраницте на Гарсија Парондо славеа со 27:26 против одличниот Металург, кој во најголем дел од мечот беше во водство. „Металурзите“ освен на почетокот, комплетно го надиграа Вардар во првото полувреме. Во неколку наврати имаа и по 3 гола предност, за на пауза да заминат со 13:11. Во вториот дел домашните одржуваа предност се до 53 минута. Потоа следуваше мини-период на Вардар и пад во концентрацијата кај „металурзите“, што ги чинеше изненадување. Во редовите…

Read More

Бразилската ѕвезда Нејмар ќе го пропушти утрешното гостување на Стазбур во рамките на 15. коло од француската Лига 1. Тој има повреда на препоните поради која беше принудно заменет на дуелот со Бордо во неделата. Според француските медиуми, Нејмар веќе бил на детални прегледни, кои покажале дека нема причина за паника. „Не е нешто сериозно, но треба да бидеме внимателни. Теренот во Бордо беше доста тврд и можеби проблемот беше токму тоа. Се надевам по натпреварот во Стразбур тој веќе да биде во добра состојба“, изјавил тренерот Тухел.

Read More

Една од ѕвездите на Реал Мадрид и репрезентацијата на Хрватска, Лука Модриќ, по добивањето на „Златната топка“ пред новинарите проговори и за своите планови во иднина, откако веќе подолго време медиумите шпекулираат со негово заминување од Мадрид. „Имам уште две години под договор со Реал и се надевам дека ќе има уште еден договор. Клубот се однесува многу добро и навистина би сакал да ја завршам мојата кариера во Реал. Моето семејство се чувствува добро тука, сакам да продолжам да уживам во фудбалот во овој голем клуб. Гризман и Мбапе ми честитаа за наградата. За мене ова е година од…

Read More

Легендарниот бразилски фудбалер Пеле на својот Твитер профил испрати честитки до Лука Модриќ за престижното признание – „Златната топка“ на „Франс Фудбал“. „Моите честитки до вас, Лука, за освојувањето на Златната топка. Тимските трофеи се најдобрата компонента на фудбалот, но индивидуалните награди се исто така одлична работа!“, напиша Пеле.

Read More