Една од ѕвездите на Реал Мадрид и репрезентацијата на Хрватска, Лука Модриќ, по добивањето на „Златната топка“ пред новинарите проговори и за своите планови во иднина, откако веќе подолго време медиумите шпекулираат со негово заминување од Мадрид.
„Имам уште две години под договор со Реал и се надевам дека ќе има уште еден договор. Клубот се однесува многу добро и навистина би сакал да ја завршам мојата кариера во Реал. Моето семејство се чувствува добро тука, сакам да продолжам да уживам во фудбалот во овој голем клуб. Гризман и Мбапе ми честитаа за наградата. За мене ова е година од соништата“, изјавил Модриќ.
Претходно, 33-годишниот хрватски играч за врска беше прогласен и за најдобар играч во Лигата на шампионите за минатата сезона.