Легендарниот бразилски фудбалер Пеле на својот Твитер профил испрати честитки до Лука Модриќ за престижното признание – „Златната топка“ на „Франс Фудбал“.
„Моите честитки до вас, Лука, за освојувањето на Златната топка. Тимските трофеи се најдобрата компонента на фудбалот, но индивидуалните награди се исто така одлична работа!“, напиша Пеле.