Францускиот тенисер Жо-Вилфред Цонга ќе учествува на првиот Грен слем турнир во новата сезона, Австалија Опен, со специјална покана. Французинот добил „Вајлд Карта“ од организаторите на отвореното првенство на Австралија.
Цонга ја добил поканата преку програма за размена меѓу францускaтa и австралискaтa тенискa федерациja. Цонга, кој е финалист на Австралија опен од 2008-та, ќе го започне својот настап на турнирот во првиот круг од главната ждрепка.
Французинот, откако се врати од повредата, 2018-тата ја заврши на 258. место на АТП листата. Со „Вајлд Карта“ на АО ќе патува и француската тенисерка Клара Бурле, која е 619-та на ВТА листата.