Испаѓањето на Милан во групната фаза на Лигата на Европа е најслабиот настап на тимот на меѓународната сцена од почетокот на 21 век. „Росонерите“ беа елиминирани синоќа откако загубија со 3:1 на гостувањето кај Олимпијакос. На овој начин, Грците обезбедија место во 1/16 финалето за сметка на “црвено-црните”, благодарение на подобрата гол-разлика. По вторпат од почетокот на овој милениум, Милан е елиминиран во групната фаз ана некое европско натпреварување. Во сезоната 2000/01, седумкратниот европски шампион не успеа да ја прескокне втората фаза на Лигата на шампионите.
Author: saso
Во малата сала на СЦ „Јане Сандански“ денеска започна новото издание на „Турнирот во мал фудбал на медиуми“ во организација на Спортското радио 90,3 фм. во неколку интересни и неизвесни дуели, имавме можност да погледнеме навистина убав фудбач. Еве ги постигнатите резултати: 19.50 МРТВ – КАНАЛ 5 2:0 20.30 КАНАЛ 77 – АЛФА ТВ 1:8 21.10 РЕВИЈАЛНА ОПШТИНА ГАЗИ БАБА – ОПШТИНА ЃОРЧЕ ПЕТРОВ 8:3 21.50 СПОРТСКО РАДИО 90,3 – СИТЕЛ 3:5 22.30 РЕВИЈАЛНА : КОМПАНИИ ЕВН – АСТРА КАЗИНО 0:0 (3:4) на пенали. Во петок на програмата се мечевите од вториот ден на турнирот. 20.00 КАНАЛ 77 – МТВ…
Денеска во Белград, Србија беше одржана ждрепката за сите млаиднски европски првенства кои ќе се одигруваат идната година. Македонската кошаркарска федерација ги пријави сите возрасни категории во машка конкуренција (М20, М18 и М16), додека во женска конкуренција пријави две категории (М18 и М16). Идната календарска година (од 5. до 14. јули), МКФ ќе биде организатор на Европското првенство (дивизија Б) за кошаркарки до 18 години на кое своето учество (покрај Македонија) го пријавија уште 22 земји. Ждребот посака да нашите кошарарки бидат во група заедно со врсничките од Романија, Грција, Ирска, Словачка и Австрија. Кадетките пак, кои ќе учествуваат на…
Шпански Виљареал денеска објави дека му врачи отказ на досегашниот тренер на тимот, Хавиер Калеха. Отказот доаѓа само два дена по последниот пораз на „жолтата подморница“ овој пат на домашен терен од екипата на Селта. 40-годишниот стратег помина една година на тренерското место во Виљареал, каде дојде во септември 2017 година. Под негово водство, клубот на 65 натпревари постигна 25 победи, одиграл 18 пати нерешено и претрпе 22 порази. Засега нема информација кој ќе биде наследникот на Калеха, со оглед на тоа што пред клубот има меч за веќе неколку дена против руски Спартак во Лигата на Европа.
По историското финале меѓу Ривер и Бока на „Сантијаго Бернабеу“, се случија безброј инциденти на улиците на шпанската престолнина, предизвикани главно од славениците, навивачите на Ривер Плата. По триумфот на мечот, следеше голема еуфорија која се пренесе од стадионот на улиците на Мадрид, по што реагирала и полицијата, па почнале конфронтации меѓу двете страни. Неколку лица се приведени поради насилни инциденти, а неколку поради кршење на јавниот ред и мир. Мадрид утрово не наликувал на градот кој сите го познаваат, затоа што аргентинските фанови буквално демолирале дел од јавната опрема, а зад себе оставиле еден тон отпад и искршени предмети.…
Во големата пресметка синоќа на „Сантијаго бернабеу“, екипата на Ривер Плата ја освои титулата во Копа Либертадорес, победувајќи го лутиот ривал Бока Јуниорс по продолженијата со 3:1. Во регуларниот дел мечот заврши нерешено 1:1, а дополнителните минути Бока ги одигра со играч помалку по исклучувањето на Бариос. Херој на Ривер беше крилниот напаѓач Хуан Кинтеро, кој го постигна голот за 2:1 и беше избран за најдобар футбалер на финалниот меч. Кинтеро влезе като резерва во 59. минута на местото на Леонардо Понсио и успеа да го постигне голот за водство, кој се покажа како клучен на мечот. „Заслжено го освоивме…
Рахим Стерлинг од Манчестер Сити стана жртва на расистички навреди за време на гостувањето кај Челзи во саботата. На социјалните медиуми се појавија голем број на фотографии и видео материјали на навивачите на Челзи кои елоквентно покажуваат како навивачите на Челзи се однесуваат кон Стерлинг. Од Челзи објавија дека ги идентификувале навивачите, но никакви апсења или санкции не беа изречени до синоќа. Челзи веќе потврди дека тие тесно соработуваат со полицијата за да обезбедат видеоснимка од натпреварот. Иследниците, исто така, се обидуваат да најдат аудио за да го потврдат токму она што навивачите на Сити го истакнаа на социјалните мрежи.…
Менаџерот на Њукасл, Рафаел Бенитез, беше незадоволен од судењето на натпреварот од 16 коло на Премиер лигата против Вулверхемптон, кој неговиот тим го загуби дома со 1:2. Главниот судија во овој дуел Мајк Дин му покажа директен црвен картон на дефанзивецот на Њукасл, Једелин во 57. минута за старт над Диого Жота. „Нам ни треба ВАР сега. Во оваа игра сè ќе се промени. Како да ја објасниме оваа одлука на судијата“, изјавил Бенитез.
Спортскиот директор на Милан, Леонардо, потврди дека трансферот на Златан Ибрахимовиќ не успеал. Засега, вели дека не е сигурно ниту доаѓањето на Фабрегас. „Ибрахимовиќ нема да се врати во Милан. Тој разговараше со ЛА Галакси и ни нагласи дека ќе го продолжи договорот. Навистина сакавме трансфер, но тој рече дека ако ЛА Галакси ги исполни сите услови, тој ќе остане во МЛС. Така и се случи“, вели Бразилецот. Што се однесува до трансферот на Фабрегас од Челзи, Леонардо вели: „Ние ја разгледуваме и таа варијанта, ја цениме таквата можност, но не сме доставиле понуда. Сè уште ги истражуваме условите“.
Денеска со ждрепката беа одредени двојките за 1/2 финалето во Купот на Македонија. Ждрепката посака во првото полуфинале да се судрат Беласица и Македонија ЃП, додека во второто ќе играат Академија Пандев и Победа. Првите натпревари се закажани за во март следната година, а реваншите во април.
