Во големата пресметка синоќа на „Сантијаго бернабеу“, екипата на Ривер Плата ја освои титулата во Копа Либертадорес, победувајќи го лутиот ривал Бока Јуниорс по продолженијата со 3:1. Во регуларниот дел мечот заврши нерешено 1:1, а дополнителните минути Бока ги одигра со играч помалку по исклучувањето на Бариос.
Херој на Ривер беше крилниот напаѓач Хуан Кинтеро, кој го постигна голот за 2:1 и беше избран за најдобар футбалер на финалниот меч.
Кинтеро влезе като резерва во 59. минута на местото на Леонардо Понсио и успеа да го постигне голот за водство, кој се покажа како клучен на мечот.
„Заслжено го освоивме трофејот. Знаевме дека противникот ќе бид еодлично подготвен, беше тешко, се боревме до последно и успеавме“, изјавил Кинтеро по мечот.
Кинтеро е поранешен фудбалер на Енвигадо, Атлетико Насионал, Пескара, Порто, Рен и Индепендиенте (Меделин). Колумбиецот е сопственост на Порто, но игра во Ривер под наем.
Esto es RIVER🐓 La Plata es gallina 🐓 pic.twitter.com/hW8F0s3e7D
— ElPityMartinezQueLocoQueEsta🐓🎶 (@JoelQuiroga01) December 10, 2018

