Спортскиот директор на Милан, Леонардо, потврди дека трансферот на Златан Ибрахимовиќ не успеал. Засега, вели дека не е сигурно ниту доаѓањето на Фабрегас.
„Ибрахимовиќ нема да се врати во Милан. Тој разговараше со ЛА Галакси и ни нагласи дека ќе го продолжи договорот. Навистина сакавме трансфер, но тој рече дека ако ЛА Галакси ги исполни сите услови, тој ќе остане во МЛС. Така и се случи“, вели Бразилецот.
Што се однесува до трансферот на Фабрегас од Челзи, Леонардо вели: „Ние ја разгледуваме и таа варијанта, ја цениме таквата можност, но не сме доставиле понуда. Сè уште ги истражуваме условите“.