Facebook Twitter Instagram
    Спортско Радио 90.3
    • Дома
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Ракомет
    • Тенис
    • Домашен микс
    • Меѓународен микс
    Спортско Радио 90.3
    Home»Кошарка»Младите кошаркарски селекции ги добија противниците
    Кошарка

    Младите кошаркарски селекции ги добија противниците

    sasoBy saso13/12/2018No Comments2 Mins Read
    Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Денеска во Белград, Србија беше одржана ждрепката за сите млаиднски европски првенства кои ќе се одигруваат идната година. Македонската кошаркарска федерација ги пријави сите возрасни категории во машка конкуренција (М20, М18 и М16), додека во женска конкуренција пријави две категории (М18 и М16).

    Идната календарска година (од 5. до 14. јули), МКФ ќе биде организатор на Европското првенство (дивизија Б) за кошаркарки до 18 години на кое своето учество (покрај Македонија) го пријавија уште 22 земји. Ждребот посака да нашите кошарарки бидат во група заедно со врсничките од Романија, Грција, Ирска, Словачка и Австрија.

    Кадетките пак, кои  ќе учествуваат на Европското првенство (дивизија Б) кое ќе се одржи во Софија во периодот од 15. до 24. август, ќе разигруваат со врсничките од Холандија, Украина, Луксембург и домаќинот Бугарија.

    Младинците (М20 возрасна категорија) ќе разигруваат во Португалија во периодот од 12. до 21. јули против врсниците од Словачка, Белгија, Луксембург и домаќинот Португалија.

    Јуниорите ќе отпатуваат за Романија и од 26. јули до 4. август ќе се надигруваат со соодветните селекции на Грузија, Украина, Ирска, Данска и Словачка.

    Кадетите пак, кои единствени идното лето од сите наши младински репрезентации ќе настапуваат на Европско првенство А дивизија, ждребот посака да бидат сместени во група заедно со соодветните селекции на Шпанија, Израел и Летонија. Континенталниот собир ќе се одржи од 9. до 17. август, во Удине, Италија.

    Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Related Posts

    Ефремовски со апел пред вечното дерби: Заедно сме посилни!

    15/11/2026

    Кари ќе мора да паузира две недели

    13/11/2026

    Александар Петровиќ нов тренер на КК Скопје

    13/11/2026

    Leave A Reply Cancel Reply

    СПОРТСКО РАДИО 90.3 / ВО ЖИВО
    МАРКЕТИНГ
    Следете не на Facebook
    Најнови вести
    • Македонија против Словенија го затвора неуспешното поглавје во Лигата на нациите Б -лига
    • Македонија се запиша во историјата на Младинските олимписки игри Дакар 2026
    • Ален и Адријан Рустемовски од утре ги започнуваат натпреварите на ЕП ви бокс У-23
    • Англиската репрезентација постави рекорд по натпреварот против Шпанија
    • Баерн Минхен бара дури 300 милиони евра за Мајкл Олисе
    За Спортско Радио
    Почнувајќи од 22 февруари 2005 година, Спортското радио 90.3 фм емитува исклучиво спортска програма, со повеќе од 15 часовна програма во живо. Концепцијата на Спортското радио 90.3 фм е пред се, брзо и точно информирање за сите спортски настани. Спортското радио 90.3 фм има традиција, преточена во нов спортски звук!

    © 2026 ThemeSphere. Designed by ThemeSphere.

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.