По ремито со Мешков во Брест, ракометарите на Вардар в среда им с евраќаат на обврските во СЕХА лигата. На прес-конференцијата пред мечот, тренерот Парондо вели дека целта е победа, без потценувањ ена противникот.
“В среда играме против тим кој, можеби, не го познаваме многу добро. Тие се последни на табелата, но ако ги видите резултатите на сите натпревари губеа со 2-3 гола максимум. Затоа нема да ги потцениме, нема опуштање и сакаме да одиграме добар меч. Важно е за нас да победиме за да останеме на патот до Ф4 во СЕХА и важно е за играчите кои имаат помала минутажа во Лигата на шампионите да играат”, вели Парондо.
Дуелот се игра во СЦ „Јане Сандански“ в среда од 20.15 часот.