Со победата над Васко де Гама од 1:0, фудбалерите на Палмеирас ја обезбедија десетата титула во клупската историја во бразилското фудбалско првенство и тоа на едно коло пред крајот на сезоната.
Резервистот Дејверсон погоди во 71-тата минута, а избраниците на Луис Фелипе Сколари дојдоа до 77 бода по 37 средби и имаат недостижна предност од 5 бода пред вториот Фламенго, кој исто така победи во ова коло со 2:0 на теренот н Крузеиро.
70-годишниот Сколари го презеде Палмеирас во јуни на седмото место и со заостанување од 8 бода од лидерот на табелата, но под негово раководство тимот запиша 16 победи и 6 реми во следните 22 натпревари, прими само 9 гола и без пораз дојде до шампионскиот трофеј.