Ракометарите на Вардар во сабота на домашен терен ја пречекуваат екипата на Киелце во еден од најважнте мечеви во Лигата на шампионите. По освоениот бод во Мешков, „црвено-црните“ имаат шанса да се изборат за второто место во групата, но за тоа ќе им биде потребна победа на саботниот дуел.
„Последен меч од Лигата на шампионите сезонава, Киелце е наш противник, познат е неговиот квалитет, играат брз ракомет, имаат добра одбрана и одлични играчи. Важен меч за нас за да презимиме на второто место на табелата. Најважно е да играме добар ракомет цел натпревар, знаеме и можеме да играме, нема потреба од посебен мотив против Киелце, сите се максимално мотивирани и подготвени“, вели тренерот на „вардарци“, Парондо.
Дуелот се игра в сабота од 17.30 часот во СЦ „Јане Сандански“.