Македонската кошаркарска репрезентација синоќа го одржа првиот собир во пресрет на вториот прозорец од втората рунда на претквалификации за Евробаскет 2021 и дуелот со Косово в недела.
На првата прозивка одговорија тринаесет кошаркари од петнаесет повикани со исклучок на Шејн Витингтон кој пристигна во Скопје непосредно пред собирот како и Стојан Ѓуроски кој ќе пристигне денеска, заедно со селекторот Јорданчо Давитков.
Сениорите ќе тренираат два дена в Скопје, а потоа ќе заминат во Гевгелија каде ќе ја финишират формата за натпреварот в недела.
„Нема да биде воопшто лесно да се совлада Косово. Можеби олеснителна околност ќе ни биде ако за нив не игра најавениот кошаркар од САД. Но, ние не треба да размислуваме толку за нив, туку за нас. Треба добро да се подготвиме и да атакуваме на посакуваната победа. Лично, играм во добра форма во странство, се надевам дека истото ќе го пренесам и во националниот тим. Сите сплотени, сакаме да дојдеме до победа“ – истакна Бојан Трајковски.