Македонската кошаркарска репрезентација ја обезбеди и третата победа во циклусот квалификации за Евробаскетот 2021 година. Избраниците на Јорданчо Давитков славеа над Косово во салата „26 април“ во Гевгелија со убедливи 78-68 за потврда на пласманот на првото место.
Иако во првите две четвртини одигравме добро, дозволивме во финишот Косово да ни се приближи и на пауза да заминеме со само 3 поени предност. Сепак, во вториот дел работите си дојдоа наместо, го поправивме шутот и успеавме да прокнижиме важна победа.
Во нашата репрезентација Трајковски беше најефикасен со 23 поени, Витингтон постигна 15, додека Војдан Стојановски мечот го заврши со 14 поени.